Србија им предлага на соседите да воспостават заедничко дипломатско претставништво во странство, сличен на „скандинавскиот модел“, со што би се намалиле трошоците, пишува српски „Новости“.
Според наводите, идејата на српското Министерство за надворешни работи е да им се понуди во наредните недели на државите од регионот заедничко надворешно претставништво со цел да се намалат трошоците во една таква мрежа.
Како што пишува „Новости“, Србија веќе воспоставила контакт со Скопје, Подгорица, Сараево и Љубљана, за претставништва во Африка, Азија и Латинска Америка.
Според српскиот шеф на дипломатијата, Иван Мркиќ, можно е да се постигне договор до крајот на 2014 година.
– Најблизу до договор сме со Македонците и Црногорците. Ние ќе продолжиме со идејата, но ќе им понудиме на сите заинтересирани да ни се приклучат. Од една страна тоа би ги намалило трошковите, а би овозможило да државите од регионов бидат застапени и видливи во многу делови од светот, како и тоа да заедно настапуваме на странски пазари – вели Мркиќ.
Според него, „скандинавскиот модел“ е доста успешен во Токио, каде што во една зграда се сместени повеќе од 15 земји на Латинска Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.