| четврток, 6 декември 2018 |

Американци го тужат Фејсбук заради недозволена анализа на содржина на пораки на корисници

Двајца Американци поднесоа тужба против Фејсбук дека анализира лични пораки без знаење и одобрување на корисниците за да ги доставува до маркетинг агенции и фирми што се рекламираат.

Спротивно на тврдењата на социјалната мрежа, личните пораки на ФБ се анализираат во компанијата за да се дознае содржината, наведуваат Мајкл Харли и Метју Кембел кои користат Фејсбук од 2008 односно од 2009 година.

Кога извесен корисник пишува на својот профил, и притоа става и линк кон вебсајт, компанијата ја анализира содржината на пораката, линкот и бара информации што дава можност да се создаде профил за активностите на авторот на пораката, посочуваат тие во тужбата доставена во суд во Калифорнија каде е и седиштето на Фејсбук.

Тие ги обвинуваат ФБ дека собираат податоци на корисници без нивно знаење и имаат корист „доставувајќи на трета страна – рекламна агенција или компанија што има реклами“. Фејсбук користат 1,2 милијарди луѓе во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top