Во Чешка работа бараат 585.809 лица, што претставува рекорд во поновата историја на земјата и е најголем број на невработени од 1989 година.Само во јануари месец за работа се пријавиле 40.498 заинтересирани и според податоците на повеќе аналитички компании стапката на невработеност е 10,1 проценти, додека во декември минатата година изнесуваше 9,4 проценти.
На чешка територија најголема невработеност била регистрирана за време на еконмската криза во 1933 година. Тогаш без работа биле 783.000 луѓе, а стапката на невработеност изнесувала над 21 проценти. Според експертите, негативните резултатите на работниот пазар се должат на намалениот број работни места.
Во јануари фирмите нуделе 33.794 места што е за повеќе од 1.000 места помалку отколку претходниот месец, што покажува дека за едно работно место има 17,3 заинтересирани лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


