Актерката Мерјем Узерли, која ја знаеме од улогата на Хурем Султан од серијата „Величенствениот“ е планирана за улогата на јака и цврста жена, како Хурем – омилената сопруга на султант Сулејман Величенствениот во истоимената серија. Мерјем ја очекува улога како султанката Косем во новата серија која ја подготвува продуцентската куќа “TIMS”, под името Величенственото Столетие – Косем.
Во турските медиуми со голема возбуда одекна веста дека Мерјем би можела да биде главниот лик на продолжението на Сулејман. Новата серија која се планира да е раскошна и скапа, ќе се раскажува за животот и случувањата во цариградскиот двор во време на владеењето на праправнук на Сулејман и Хурем, султанот Ахмед први и неговата жена Косем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


