Екипи на ЈП „Македонија пат“ утрово интервенирале на два патни правца поради одрони од камења. Тројца работници со полутеретно возило интервенирале на патниот правец А3 Кочани – Делчево, на потегот од Истибања до браната Калиманци каде имало одрони од камења, објави „Канал 5“. Посебно интензивно паѓање на камења имало на т.н. црна точка или остра кривина на споменатиот патен правец каде по дојава на сообраќајната полиција од Виница екипата на „Македонија пат“ интервенирала веднаш.
Одрони имало и на патниот правец Р1 304 Превалец – Берово, точно на местото од 20 до 24 километар или познато како „непрегледни кривини“ кај викенд населбата пред Обозна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одрони на патот Велес-Градско: Прекинат железничкиот и патниот сообраќај (видео)
-
Одрон од 30 мерти се сруши на патот: За влакно промаши автомобил и камион (видео)
-
Целосно блокиран патот Македонска Каменица – Кочани поради одрони (галерија)
-
„Македонија пат“ апелира: Да не се паркира на патот Маврови Анови-Маврово-Леуново