| четврток, 6 декември 2018 |

Србија наместо Бугарија ќе заработува за транзит на рускиот гас кон Македонија

Во наредниве неколку недели Србија и Македонија треба да потпишат договор за транзит на рускиот гас од проектот јужен тек кон Македонија.

Српскиот министер за рударство Милан Бачевиќ тврди дека Македонската страна се согласила рускиот гас да пристигнува преку Србија иако и Бугарија беше една од варијантите за енергетско поврзување.

Според српскито минситер на цевководот кон Македонија се планира да се приклучи уште еден крак кој  што ќе води кон Косово. По истиот принцип како што гасоводот кон Хрватска обезбеди поефтин гас за Република Српска.

Бачевиќ ги отфрли критиките од Брисел од каде реагираше европската енергетска заедница. Тој вели дека Русија ги снабдува со гас речиси сите земји на ЕУ а се проценува дека до 2030 година 70 % од гасот во западна Европа ке биде од руско потекло. Србија не треба да се вклучува во расправата за Јужен тек затоа што земјата дури сега преговара за членство, вели српскиот министер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top