Во Божикното послание патријархот вели дека Вранишковски е неправедно затворен од властите на БЈРМ, a дека на неговите верници им е ускратена слободата на верата.
Српскиот патријарх Иринеј во Божикното послание ги повика властите во Македoнија да го ослободат Јован Вранишковски или, како што тој го нарекува, архиепископот охридски и митрополит скопски Јован, упатувајќи повик и до меѓународната заедница да ја спречи, според него, понатамошната дискриминација на една црква и на еден народ.
„Апелираме до властите на Македонија веднаш и неизоставно да го ослободат нашиот отец, брат и сослужител архиепископот охридски и митрополит скопски, господин Јован, и на црквата божја, охридската архиепископија, да ѝ обезбедат полно право и слобода, коишто според законот ѝ припаѓаат“, вели српскиот патријарх.
Во Божикното послание, патријархот Иринеј вели дека Вранишковски е неправедно затворен, како и дека на неговите верници им е ускратена слободата на верата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.