| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА во продолжение победи во руското дерби

Во првото коло од фазата Топ 16 од кошаркарската Евролига фаворизираниот тим на ЦСКА потешко од очекувањата победи на гостински терен во Краснодар против домашната екипа на Локомотив Кубан со 84-77 по продолжение. Во регуларниот дел од мечот резултатот беше 71-71.
ЦСКА одигра под очекувањата во одбраната, при што му дозволи на Локомотив дури 10 скока во нападот и мораше да се вади во дополнителните пет минути за првите бодови во новоформираната група Ф. Најефикасен на паркетот беше Теодосиќ со 16 поени, а по поен помалку постигнаа Фридзон и Хријапа. Кај поразената екипа се истакнаа Браун и Лиходеј постигнувајќи по 13 коша.
Ова се важни бодови за фаворитот бидејќи конкуренцијата во групата е голема и ќе треба да одиграат уште 13 натпревари против тимови како што се Реал Мадрид, Макаби, Жалгирис, Баерн, Галатасарај и Партизан.
Првите четири екипи влегуваат во четврт-финалето каде сшто е среќаваат со тим од групата Е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top