Активностите на полицијата за расчистување на случајот со четиринаесетгодишната Маја Блажеска продолжуваат. Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, вели дека малолетната девојка имала одредени контакти преку „Фејсбук“ со лице од Скопје.
– Што, всушност, се случило, како Блажеска се нашла во планинскиот предел, тие моменти дополнително ќе бидат утврдувани со цел заокружување на случајот – додаде Димоски.
Безживотното тело беше пронајдено на падините на планинскиот појас кај селото Велмеј во општина Дебрца. Според Димоски, тоа е потврдено со обдукцијата, спроведена по налог на истражниот судија за утврдување на идентитетот на телото и причините за настапувањето на смртта.
– На безживотното тело не се забележани траги од насилство. Досегашните информации од обдукцискиот наод укажуваат дека најверојатно се работи за измрзнување – рече Димоски.
Телото било пронајдено на надморската висина од близу 1500 метри каде што во овој дел од годината температурата достигнува и до -20 степени.
Тој додаде дека СВР Охрид формирал посебен тим да се занимава исклучиво со случајот, биле преземени голем број мерки, активности за што побрзо пронаоѓање на малолетната Блажеска. Притоа постојано биле разменувани информации со семејството, а биле спроведени и неколку акции на пребарување на целото подрачје на планинските појаси од селото Велмеј во насока кон селото Лешани и Славеј Планина.
Маја Блажеска (14) од соседното село Лешани се водеше како исчезната повеќе од еден месец. Нејзиното второ исчезнување во СВР Охрид го пријави нејзиниот татко на 12 ноември минатата година. Тело беше пронајдено вчера кај месноста Натнасер Бачила во атарот на охридското село Велмеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


