| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид ја продолжи фантастичната серија во Евролигата

partizan

Со вчерашните натпревари од Евролигата стартуваше фазата Топ 16 каде што тимовите што обезбедија пласман се поделени во две групи од по осум екипи.
Партизан беше домаќин на големиот Реал Мадрид во „Комбанк арена“ во Белград. Пред преполни трибини и повеќе од 20.000 гледачи „кралскиот клуб“ беше пресилен за младата и надежна екипа на Партизан. Клучна за победата од 80-64 беше првата четвртина каде што гостите од Мадрид поведоа со 12 коша разлика (29-17). Триото на Реал Бурусис-Миротиќ-Фернандез беше расположено за игра во текот на целиот натпревар. Ова беше 11. победа на Реал во ова натпреварување оваа сезона и сѐ уште се без пораз.
Галатасарај загуби на домашен терен од Макаби со 84-90. Макаби е тимот кој се вбројува во најсериозните кандидати за освојување на титулата оваа година, но со досегашните резултати не го оправадаа тоа. Можеби добрите игри за Макаби допрва доаѓаат.

Дербито во првото коло од фазата Топ 16 се игра во Пиреја каде што европскиот шампион Олимпијакос го пречекува најтрофејниот тренер Обрадовиќ со својот тим Фенербахче.

Резултати од вчерашните натпревари:

Галатасарај – Макаби 84-90, Партизан – Реал Мадрид 64-80, Уникаха – Лаборал 79-93, Панатенаикос – Армани 73-57, Барселона – Анадолу Ефес 84-65.

Во денешните натпревари од првото коло се среќаваат:

Локомотив Кубан – ЦСКА Москва, Жалгирис – Баерн, Олимпијакос – Фенербахче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top