| четврток, 6 декември 2018 |

Џихад Џејн в понеделник чека пресуда

Jihad JaneЏихад Џејн, односно Колин ЛаРоуз, се очекува в понеделник да биде осудена за својата улога во неуспешните планови за убиство на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, јави МИА од Гетеборг.

Цртежите што Ларс Вилкс пред извесно време ги објави во шведскиот весник „Нерикес алеханда“, прикажувајќи го пророкот Мухамед со тело на куче, предизвикаа бројни жестоки реакции и протести.  Обвинителот бара ЛаРоуз, која преминала во ислам, да помине „децении зад решетки“ иако таа покажала добра волја за соработка во текот на истражната постапка. Доколку се следи судската практика, судот во Филаделфија би можел да ја осуди Ла Роуз на казна доживотен затвор, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

Инаку, Џихад Џејн пред извесно време призна дека постоеле планови за убиство на Вилкс. Таа се соочува со обвиненија за тероризам, планови за убиство во друга земја, изнесување невистини пред полиција, како и за кражба на туѓ идентитет. Ла Роуз претходно беше обвинета за поддржување странски терористи и беше осомничена дека регрутирала исламски фундаменталисти за терористички напади во Европа и во Азија.

Таа првпат себеси се нарече Џихад Џејн во едно видео постирано на „Јутјуб“, во кое вели дека е очајна да стори нешто за да ги олесни маките на кутрите муслимани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top