| четврток, 6 декември 2018 |

Звер: Бојкотот е штетен за Македонија

Словенечкиот европратеник Милан Звер смета дека бојкотот на работата на законодавниот дом од страна на опозицијата само дополнително ќе го отежне патот на Македонија кон ЕУ и ќе им даде можност на противниците на земјата да го искористат тоа против неа

10012013174106_zverррр

– Последните политички настани во вашата земја предизвикуваат загриженост за сите нас кои ве поддржуваме на вашиот многу тежок пат кон европска интеграција. Во демократско општество како вашето секој вид опструкции на работата на националното Собрание е контрапродуктивно и многу штетно за напредокот како и за имиџот на вашата земја. Вашите противници нема да штедат ни напори ни време за да ја искористат ситуацијата и уште повеќе да го отежнат вашиот напредок кон ЕУ – вели европратеникот Звер во изјава за МИА.

Затоа, како што вели, ги повикува сите инволвирани страни да ја смират ситуацијата, да покажат политичка зрелост и да се обидат да ги решат проблемите на мирен, демократски начин и политички дијалог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top