| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на македонската борба вработува – плата 36.000 денари

extract_from_7338_7662_muzej__makedonija24_1615

Музејот на македонската борба објави Јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време за 12 извршители, за следните работни места:

1. Кустос – 1 (еден) извршител;
2. Информатичар – 1 (еден) извршител;
3. Музејски водич – 3 (три) извршители.
4. Главен документатор – 1 (еден) извршител
5. Музејски водич – 1 (еден) извршител.
6. Музејски водич во Порта Македонија – 1 (еден) извршител
7. Стручен соработник за односи со јавноста и меѓународна соработка – 1 (еден) извршител;
8. Сметководител – 1 (еден) извршител
9. Продавач во музејски маркетинг – 1 (еден) извршител
10. Помошник за контрола и одржување на аудио и видео опрема – 1 (еден) извршител.
Кандидатите, покрај општите услови, утврдени во Законот за работните односи, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови утврдени во Правилникот за организација и систематизација на работните места , и тоа:
1. За работното место под реден број 1, Кустос, потребно е: VII/1 степен стручна подготовка, Филозофски факултет група историја, или историја со архивистика, работно искуство, најмалку 1 година, активно познавање англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование;
– Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 08.30 до 16.30 или во смени; Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок. Основна бруто плата: 30.691,00 денари, коефициент за работното место 2,555.
2. За работното место под реден број 2, Информатичар 1 (еден) извршител; потребно е: VII/1 степен стручна подготовка, завршен електротехнички факултетотсек компјутерска техника, информатика и автоматика, работно искуство, најмалку 1 година, во бараната струка или приправник, и активно познавање англиски јазик.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование;
– Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 08.30 до 16.30. Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок. Основна бруто плата: 35.796,00 денари, коефициент за работното место 2,98.
3. За работното место под реден број 3, Музејски водич 3 (три) извршители, потребно е: VII/1 степен стручна подготовка, Филозофски факултет група историја, или историја со архивистика, работно искуство, од 1 година во бараната струка или приправник, активно познавање на најмалку еден од светските јазици англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (СV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 10.00 до 18.00 часот или во смени. Неделно работно време е 40 часа, од вторник до недела, неработни денови, понеделник и еден од другите денови во неделата, согласно сменскиот распоред. Основна бруто плата: 27.784,00 денари, коефициент за работното место 2,313.
4. За работното место под реден број 4, Главен документатор 1 (еден) извршител, потребно е: VII/1 степен стручна подготовка , високо образование, работно искуство најмалку 1 (една) година или приправник, активно познавање англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 08.30 до 16.30 часот; Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок, Основна бруто плата: 29.790.00 денари, коефициент за работното место 2,48.
5. За работното место под реден број 5, Музејски водич 1 (еден) извршител, потребно е: високо образование, VII/1 степен стручна подготовка, со работно искуство или без работно искуство, активно познавање на најмалку еден од светските јазици англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија ( CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа во смени од 08.30 до 16.30 часот и од 12,30 часот до 20,30 часот; Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок, зависно од смените може и сабота и недела ,а слободни денови се два дена во неделата, согласно сменскиот распоред. Основна бруто плата: 26-583,00 денари, коефициент за работното место 2,213.
6. За работното место под реден број 6 Музејски водич во Порта Македонија 1 (еден) извршител, потребно е: високо образование, VII/1 степен стручна подготовка, со работно искуство или без работно искуство, активно познавање на најмалку еден од светските јазици англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија ( CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа во смени од 08.30 до 16.30 часот и од 12,30 часот до 20,30 часот; Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок, зависно од смените може и сабота и недела ,а слободни денови се два дена во неделата .согласно сменскиот распоред. Основна бруто плата: 26.583.00 денари, коефициент за работното место 2,213.
7. За работното место под реден број 7, Стручен соработник за односи со јавноста и меѓународна соработка 1 (еден) извршител; потребно е: VII/1 степен стручна подготовка, високо образование, работно искуство од најмалку 3 години, активно познавање англиски јазик и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар
– Доказ за работно искуство; доказ за познавање на странски јазик;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 08.30 до 16.30. Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок, Основна бруто плата: 35.796,00 денари, коефициент за работното место 2,98.
8. За работното место под реден број 8, Сметководител 1 (еден) извршител, потребно е: високо образование, VII/1 со работно искуство, најмалку 3 (три) години во бараната струка и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа и тоа од 08.30 до 16.30 часот. Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок. Основна бруто плата: 28.048.00 денари, коефициент за работното место 2,335.
9. За работното место под реден број 9, Продавач во музејски маркетинг 1 (еден) извршител, потребно е: средно образование или IV/1 степен стручна подготовка, со работно искуство или без работно искуство и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа од 10.00 до 18.00 часот или во смени; Неделно работно време е 40 часа, од вторник до недела, неработни денови, понеделник и еден од другите денови во неделата, согласно сменскиот распоред. Основна бруто плата: 25.706,00 денари, коефициент за работното место 2,14.
10. За работното место под реден број 10, Помошник за контрола и одржување на аудио и видео опрема 1 (еден) извршител. потребно е: средно образование или IV/1 степен стручна подготовка, без работно искуство и со работно искуство и да има познавање на работа со компјутери.
Кандидатот, со пријавата, треба да ги достави и следните документи:
– Пријава за јавниот оглас
– Кратка биографија (CV);
– Доказ за завршено соодветно образование; Оригинал диплома или копија заверена на нотар.
– Доказ за работно искуство;
– Уверение за државјанство;
Дневно работно време е 8 работни часа во смени од 08.30 до 16.30 часот и од 12,30 часот до 20,30 часот; Неделно работно време е 40 часа, од понеделник до петок, зависно од смените може и сабота и недела, а слободни денови се два дена во неделата, согласно сменскиот распоред. Основна бруто плата: 23.303.00 денари, коефициент за работното место 1,94
Линк за апликација:.http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/vrabotuvanje-na-12-izvrshiteli/10463

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top