| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава ќе потрошиме повеќе енергија од лани

struja

Македонија годинава ќе потроши за 4,4 отсто повеќе енергија отколку лани. Пораст на потрошувачката се предвидува кај сите видови енергија и енергенти, при што најголем пораст се очекува кај природниот гас за 38,8 отсто и геотермалната енергија за 17,5 отсто, а за останатите видови порастот е помал од 5 отсто.

Тоа го предвидува Енергетскиот биланс за периодот 2014-2018, согласно кој финалната потрошувачка на енергија во Македонија во 2014 година ќе изнесува 76.565 тераџули или за 2,3 отсто повеќе во однос на 2013, додека примарната потрошувачка на енергија ќе биде 118.945 тераџули, односно за 2,6 отсто повеќе од лани.

Од вкупните потреби за енергија 57,5 отсто ќе се обезбедат од домашни извори, а 42,5 отсто од увоз. Се очекува да има континуирано и безбедно снабдување на потрошувачите со сите видови енергија.

Во согласност со Законот за енергетика, со енергетскиот биланс за период од пет години, како индикативен плански документ, се определуваат вкупните потреби од енергија и потребите од одделните видови на енергија, како и можностите за нивното задоволување од домашно производство и од увоз. Документот е необврзувачки за учесниците во енергетскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top