Американскиот весник „Њујорк тајмс“ и лондонски „Гардијан“ апелираа денеска да биде помилуван поранешниот разузнавач од американската
Национална безбедносна агенција (НСА) Едвард Сноуден, кој објави доверливи информации за шпионирање од страна на Владата на САД.
Во одвени уводници, двата весника го поздравија Сноуден, кој има азил до летото во Русија.
– Можеби тој направил со неговите потези кривично дело, но на својата држава и направил голема услуга – наведува „Њујорк тајмс“, со оцена дека е време САД да му понудат на Сноуден спогодба или извесно помилување.
Американскиот весник ја повика Владата на САД на Сноуден да му понуди договор кој би му овозможил „да се врати дома и да се соочи со барем намалена казна“.
Британски „Гардијан“ го повика Вашингтон да му дозволи на Сноуден „достоинствено да се врати во САД“ и го оквалификува неговото дело како акт на „морална храброст“.
Советот за национална безбедност на Форумот на Белата куќа за национална безбедност и надворешни работи одбија денеска да коменитраат за наводите на весниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


