Руските власти притвориле стотици луѓе во рамките на истрагата за двата терористички напада во Волгоград, во кои загинаа 34 луѓе. Меѓу 700-те притворени, најголемиот дел биле имигранти од централна Азија и кавказкиот регион. Полицијата смета дека одговорни за нападите се исламистички милитанти од кавказот.
Во Волгоград денеска беше погребан постариот полициски наредник Дмитриј Маковкин кој се обидел да го запре бомбашот самоубиец на влезот од железничката станица.
До 3-ти јануари во Волгоград траат деновите на жалоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


