Платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски и на 6-ти јануари 2014 година ќе биде местото, каде што патиштата ќе ги водат скопјани на настанот што е скопска традиција. Скопјани и годинава, по 22-ри пат, благодарение на активноста на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, ќе им се радуваат на Бадникарските свечености.
Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата,која наиде на општо одобрување и поддршка. Во 9.30 часот ќе се промовира новото бадникарско знаме со изведба на бадникаркста химна од страна на „Силви бенд“.
09,40 ОСВЕТУВАЊЕ НА БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА – (свештеници)
– Песна – Коледе леде! ( Благоја Анчевски и бадникарите)
09,50 Коледарска песна – Сара Елек со другарките – ЦД
09,55 Настап на група Скопски коледарчиња ( пеат песничка )
10,00 МУЗИЧКО ИНТЕРМЕЦО – жива изведба
10,10 НОВИОТ БАДНИКАРСКИ ЌУП ВЛЕГУВА ВО СОБОРНИОТ ХРАМ.
Разговор со грнчарот , мајстор ИЛИЈА СТАВРОВ од Неготино
10,30 ПРЕЧЕК на НОВИОТ КУМ
МЕТОДИЈА- СТЕФАНОВСКИ – ТОДЕ и кумата БИЛЈАНА со Бадниковата погача
10,45 ПРЕЧЕК на СТАРИОТ КУМ ДАНИЕЛ ВОИНОВСКИ
10,50 Г-дин КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, Градоначалник на град СКОПЈЕ од членот на Одборот МОЈСО МОЈСОВСКИ го прима
СТАРИОТ ЌУП , што трајно ќе ги краси просториите на Градската администрација.
11,00 ВКЛУЧУВАЊЕ во директен пренос-МАКЕДОНСКО РАДИО
11,00 ПРЕЧЕК на ПОГЛАВАРОТ на МПЦ г. г. СТЕФАН, по што следува водосвет, благослов за кумовата погача, обраќање на поглаварот на МПЦ, Г.Г.Стефан, бадниковата здравица на др. Владимир Плавески, порака од Градоначалникот Коце Трајановски
11,40 ИСПРАЌАЊЕ на НОВИОТ КУМ до ПАЈТОНОТ.
11,45 ПРОСЛАВАТА ПРОДОЛЖУВА со НАСТАП на
членовите на МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА
13,00 КРАЈОТ НА ПРОСЛАВАТА НА БАДНИК со
БАДНИКОВАТА ХИМНА и СПУШТАЊЕ на ЗНАМЕТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.