Сиве овие години доаѓајќи кај вас сфатив дека оваа земја се повеќе ја чувствувам за своја и заради гостопримливоста, одличната кујна, професионалните и приватните релации со некои драги луѓе, вели Бојан Маровиќ во интервју за „Вистина.мк“.
Црногорскиот пејач кој е миленик и на македонската публика неодамна најави дека ќе се пресели во Македонија, каде често престојува.
Беше најавено дека се запишуваш на Музичката академија во Штип за да го довршиш своето школување. Успеа ли да се запишеш и зошто ја одбра токму Македонија?
– На Македонија отсекогаш гледав како на моја втора куќа. За сите овие години тука стекнав многу пријатели. Ги почитувам и нив, нивниот музички вкус и нивните заложби за традицијата. Никогаш не и се препуштив ниту на здодевноста ниту на напливот кои естрадата ги носи. Тоа не е во склоп на моите принципи, а принципите ми се многу важни. Затоа резмислував еден период да поминам овде со луѓето што ми се важни и ги сакам, а патем и да ги завршам тие работи со факултетот што ги започнав. Но, кога направивме анализа кои се документи треба да ги извадам, да ги преведам на овластен судки преведувач на Македонски јазик, плус трошоците за упис, стан, престој… излезе дека ем е комплицирано, ем речиси исто ќе ме чини колку и во Белград. Затоа решив да останам таму и да го довршам факултетот.
Значи, дефинитивно не доаѓаш на студии во Штип како што беше најавено?
– Не, ќе дојдам. Ама ќе дојдам да ги завршам поздипломските студии откако претходно ќе дипломирам во Белград. А имам уште само три испити.
Покрај луѓето што друго те врзува за Македонија?
-Сиве овие години доаѓајќи кај вас сфатив дека оваа земја се повеќе ја чувствувам за своја и заради гостопримливоста, одличната кујна, професионалните и приватните релации со некои драги луѓе… За жал, некои од нив повеќе не се со нас.
Мислиш на Тоше?
-Да.Но, еве за жал разбрав дека неодамна предвреме заминал и Дуле од дуото Дуле и Коки и тоа страшно ме потресе. А Тоше… Беше голем човек. За тоа нема зборови. Делата говорат повеќе од било кој збор. Со неговото заминување не загуби само Македонија, загуби целиот Балкан. Музиката загуби голем пејач, музичар и пред се човек. А јас останав без пријател кој заради својата силна индивидуалност секогаш во мене предизвикуваше чувство на стравопочитување. Минатата Нова Година настапував токму на плоштадот во Крушево и имав повеќе време да го разгледам градот, знаменитостите… приемот беше навистина фантастичен. Пред неполни два месеци повторно бев во Крушево, го посетив неговото вечно почивалиште, музејот… Некои негови, односно наши, заеднички пријатели беа кај мене во Белград… Тоа е животот. Тоа е она што останува покрај спомените и сеќавањата.
Целото интервју на Вистина.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.