Властите на Калифорнија издале соопштение до сите припадници на полицијата да се чуваат и да ги заштитат сите на списокот што, како што се верува, го направил отпуштениот гневен полицаец и поранешен војник Кристофер Дорнер.
Маѓу оние што особено му се замериле е – целата полиција на Лос Анџелес.
„Ќе започнам неконвенционална, асиметрична војна против сите припадници на полицијата на Лос Анџелес, без оглед дали се на должност или не“, порачал тој во писмото.
Потрагата по Дорнер, кој бил отпуштен уште во 2008 поради давање лажни изјави, почнала откако тој бил поврзан со убиство што се случило на крајот на минатата недела.
Жртвите се едно младо момче и ќерка на поранешен полициски капетан кој го застапувал за време на дисциплинската постапка. Дорнер по повеќегодишното судење го изгубил спорот.
Властите веруваат дека Дорнер минатата недела отворил оган и вез полицијата во градови источно од Лос Анџелес, убивајќи еден и ранувајќи друг полицаец. Полицијата соопштила дека 33-годишниот Дорнер самиот се поврзал со тие убиства со опширниот текст што го објавил на Фејсбук.
Тој напишал дека знаел дека полицијата и медиумите ќе го обвинат за убиствата кои се „за жал нужно зло и во кои не уживам, но морам да ги извршам и завршам, за во полицијата на Лос Анџелес да дојде до суштински промени и да си го вратам угледот“.
Полицајците на моторцикли повлечени, бидејќи се лесна мета
Полицијата на Лос Анџелес знае дека Дорнер располага со неколку видови оружје, вклучувајќи и автоматски пушки. Речиси 10.000 полицајци во овој град се под тревога, а потенцијалните мети имаат засилена заштита. Додека потерата продолжува, полицајците на моторцикли се повлечени од должност бидејќи се стравува дека се премногу лесни мети за Дорнер.
Извор: мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре