Премиерот Никола Груевски денеска за време на означувањето на почетокот на градежните активности на новиот Клинички центар изјави дека годинава е планирано да се градат и реконструираат повеќе болници меѓу кои и кичевската, штипската и струмичката болница, како и болниците „8 Септемвври“, „Свети Наум Охридски“, детската клиника во Козле, а почна и градбата на ПЕТ-центарот во Скопје.
– Во 2014 предвидени се повеќе градби и реконструкции на други болници. Покрај комплексот клиники „Мајка Тереза“, на 8 јануари се објавува тендерот за градба на кичевската болница, како што ветивме пред неколку месеци, претпоставувам некаде на пролет ќе почне градбата. Исто така, годинава ќе се гради нова клиничка болница во Штип, а сегашната ќе биде вон употреба откако ќе биде изградена новата. Тоа е исто така крупен и сериозен објект, многу современ објект, значи сегашната, која што е од триесетите години, ќе биде заменета со нова, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии