| четврток, 6 декември 2018 |

Претставување на Самовработувањето по општини

Агенцијата за вработување ја претставува новата програма за самовработување, со новите мерки за финансиска помош од државата за невработените во државата.

За понеделник најавени се неколку презентации на планот и мерките за олеснување и субвенционирање на вработувањето наменет за невработените лица и работодавците во понеделник во скопските општини.

Така, во понеделник во 14 и 30 во ОУ „Блаже Конески” во Аеродром, општината ги повикува заинтересираните стопански субјекти, фирми и невработени лица да се запознаат со оваа програма директно од претставници на АВРМ.

Истиот ден, понеделник, 11февруари, Општина Центар во општинските простории во 17 часот, ги канат сите невработени жители од Центар кои сакаат да отпочнат со некаква работа каде се поканети и работодавачи и фирми кои сакаат да се вклучат во мерките за вработување и ублажување на невработеноста.

Презентациите од АВРМ се со цел да се овозможи поголемо учество и опфат на невработените лица, кои се заинтересирани своето вработување да го решат преку Програмата за самовработување.

Истовремено врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2013 година, Агенцијата за вработување објави оглас каде што се повикуваат сите евидентирани долгорочно невработени лица. Тие имаат можност да го решат своето вработување со финансиска поддршка преку Програмата за самовработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top