| четврток, 6 декември 2018 |

Со колку „погрешни“ мажи треба да бидете пред „вистинскиот“?

Пред да го пронајде мажот од соништата, просечната жена ќе бакне 15 мажи, двапати ќе има скршено срце и ќе помине низ две долги врски, ова го покажува најновото истражување.

Пред да се смират, жените поминуваат низ четири катастрофални состаноци, а еднаш ќе бидат оставени да чекаат. Според истражувањето, четири пати имале секс за една ноќ, а многу зади себе имаат и заеднички живот со еден партнер.

Мажите, пак, биле двапати изиграни и шестпати имале секс за една ноќ пред да ја запознаат идеалната партнерка.

Најголемата разлика меѓу мажите и жените се крие во бројот на сексуални партнери. Британското истражување покажало дека мажите имале околу десет партнерки, додека, пак, просекот на жените се седум партнери.

Околу 60 проценти признале дека дошле до ситуација кога мислеле дека нема да ја пронајдат љубовта на својот живот. Околу 80 проценти вистинската ја нашле кога најмалку очекувале, е една третина вели дека не мислеле дека ќе завршат со партнерот со кој се сега во врска.

 

Истражувањето, исто така, открило дека 94 проценти од жените веруваат во вистинска љубов, а исто мислат и 88 проценти од мажите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top