Постапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во декември 2013 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 10 кривични пријави против 4 правни лица и 14 физички лицa.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“, „Криумчарење“, „Фалсификување исправа и поднесување лажни докази“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
* Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице Г.Р. државјанин на Република Македонија, затоа што на ден 02.12.2013 година во патничкото моторно возило марка „Volkswagen“ тип „New Beаtlе“ со македонски регистарски ознаки со кое се пријавил на граничен премин Ново Село за влез во Р.Македонија при извршена контрола во просторот пред двете седишта на возачот и совозачот под ЦД плеерот блиску до менувачот во држачите за чаши во една кутија со освежувач за возилото била пронајдена најлонска кеса наполнета со зелена материја од растително потекло.
По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 1,65 грама.
На ваков начин пријавениот неовластено заради продажба неовластено држел и пренесувал наркотична дрога-марихуана.
* Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице Д.Г. државјанин на Република Македонија, затоа што на ден 12.12.2013 година на како патник во автобус кој сообраќал на вонредна линија Скопје-Берлин се пријавил на граничен премин Табановце-автопат за излез од Р.Македонија при што му бил извршен претрес на личниот багаж и во торбата во две пакувања од густ сок од 1,5 литри и од 1 литар биле пронајдени вкупно три пакетчиња со непозната растителна материја со зеленкаста боја обвиткани со сива селитејп трака.
По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 545 грама.
На ваков начин пријавениот неовластено заради продажба неовластено држел и пренесувал наркотична дрога-марихуана.
* Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице С.К. државјанин на Република Италија, затоа што на ден 27.12.2013 година во патничкото моторно возило марка „Ауди А3“ со германски регистарски ознаки со кое се пријавил на граничен премин Ќафасан за влез во Р.Македонија при извршена контрола под предниот и задниот браник како и под двете предни крила биле пронајдени вкупно 17 пакетчиња со непозната растителна материја спакувани во најлонска кеса и облепени со кафена селотејп трака и проѕирна фолија.
По извршено вештачење од страна на МВР-Оддел за крим техника утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 16.525 грама.
На ваков начин пријавениот неовластено заради продажба неовластено држел и пренесувал наркотична дрога-марихуана.
Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки
* Кривична пријава е поднесена против едно физичко лице Е.Б. државјанин на Република Црна Гора, затоа што на ден 07.12.2013 година во автобус со турски регистарски ознаки со кој како член на посадата се пријавил на граничен премин Блаце за влез во Р.Македонија при извршена царинска контрола во сандакот зад левото тркало биле пронајдени вкупно 195штеки цигари со косовски акцизни маркици покриени со кафеав картон.
Пријавениот цигарите ги набавил во Пеќ, Р Косово за сума од 1950 евра, со помош на имбус клуч го отворил сандакот зад левото тркало, ги сместил цигарите и ги покрил со картон. Од продажбата на цигарите требало да заработи 195 евра.
На ваков начин пријавениот со намера да стекне поголема имотна корист се обидел да пушти во акцизно-правен слободен промет тутунски добра-цигари нез контролни маркички со вкупна вредност од 119.925 денари при што избегнал плаќање на царина и други давачки во вкупен износ од 180.815 денари.
Против пријавениот е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, за сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ и за истата е донесена правосилна пресуда врз основа на признание на вина.
Криумчарење
* Кривична пријава е поднесена против пет физички лица П.В.О. државјанин на Р.Полска и С.К., Н.К., З.П. и З.П. државјани на Република Маакедонија, затоа што на ден 08.11.2013 година при извршен претрес во куќа сопственост на лицето Е.А. во Скопје од страна на инспектори од Одделението за истраги по претходно издадената наредба за претрес на дом и други простории, била пронајдена поголема количина на текстилна и друга стока од трговски карактер. По извршениот увид во документацијата за стоката (спецификација на стока, етикети со број на артикли и товарница), било утврдено дека привремено одземената стока е истата стока која на ден 09.07.2013 година со ЕЦД-то за транзит била влезена во Република Македонија преку ЦИ Табановце-автопат и на истиот ден излегла од Република Македонија преку ЦИ Богородица од 09.07.2013 година. На ден 10.07.2013 година, царинскиот службеник во својство на службено лице кој бил распореден на лентата за влез во Македонја потврдил дека возилото било празно така што го втиснал својот факсимил на кантарската белешка, иако возилото не било празно односно во него се наоѓала стоката со тежина од 280 кгр. и дозволил возилоти да го напушти царинскиот терминал Богородица.
На ваков начини очигледни се елементите кои го чинат основано сомнението дека прво, второ и трето пријавените сториле по едно кривично дело „Криумчарење‘‘ казниво по член 278 став 2 вв став 1, четврто пријавениот сторил едно кривично дело ,,Криумчарење‘‘ казниво по член 278 став 5 вв став 2 вв став 1 од Кривичниот законик додека петопријавениот сторил едно кривично дело Криумчарење казниво по член 278 став 2 вв став 1 и вв член 22 од КЗ.
Фалсификување исправа и поднесување лажни докази
*Кривична пријава е поднесена против правно лице од Радовиш и одговорното лице, македонски државјанин затоа што при увозно царинење на три употребувани патнички моторни возила со три царински декларации поднел фактури во кои биле наведени изјави за потекло, со цел да му биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно. Царинската управа се обрати до царинската служба на Република Австрија, со барање за верификација на приложените фактури, а од таму е доставен одговор дека фактурате се фалсификати.
*Кривична пријава е поднесена против македонски државјанин затоа што при увозно царинење на употребувано патничко моторно возило поднел фактура во која била наведена изјава за потекло, со цел да му биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно. Царинската управа се обрати до царинска служба на Холандија, со барање за верификација на приложената фактура, а од таму е доставен одговор дека извозникот го продал наведено возилото на пријавениот, но ја нема издадено фактурата во која била наведена изјавата за потекло, односно била издадена друга фактура која е доставена како копија од страна на царинската администрација на Кралството Холандија.
*Кривична пријава е поднесена против правно лице од Кавадарци и одговорното лице, македонски државјанин, затоа што при увозно царинење на употребувано патничко моторно возило поднеле фактура со изјава за потекло, издадена од царинските органи на Република Германија, со цел да им биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно увозно царинење со царинска стапка слободно. Царинската управа се обрати до царинската служба на Сојузна Република Германија, со барање за верификација на приложената фактура, а од таму е доставен одговор дека извозникот ја издал фактурата, но не пополнил изјава во фактурата.
„Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“
* Кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Скопје и против одговорното лице во правното лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластеноа употреба на туѓа фирма, односно новластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. За потребите на правното лице, преку Царинската испостава Скопје 2 во Република Македонија биле пријавени за увезно царинење обувки во количина од 798 колети (38304 пара) со потекло од Народна Република Кина. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници во стоката биле откриени 7050 пара детски папучи со лого на заштитена трговска марка. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока. По увидот на стоката застапникот за трговската марка ја извести Царинската управа дека има добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните папучи се фалсификат, односно истите го повредува нивното право на интелектуална сопственост.
* Кривична пријава е поднесена против едно правно лице од Струмица и против одговорното лице во правното лице, македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластеноа употреба на туѓа фирма, односно новластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. За потребите на правното лице, преку Царинската испостава Скопје 1 во Република Македонија биле пријавени за увозно царинење разни текстилни производи со потекло од Република Турција. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници во стоката биле откриени 828 парчиња каиши, 67 пара фармерки, 14 пара шорцеви, 118 парчиња фудбалски комплети, 40 пара долен веш, 19 парчиња кошули, 115 парчиња маици со ознака на трговската марка и 25 парчиња бермуди, сите со лого на заштитени трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока. По увидот на стоката застапниците за наведените трговски марки ја известија Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на интелектуална сопственост дека задржаните стоки се фалсификат, односно истите го повредуваат нивното право на интелектуална сопственост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.