| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан возач убил шестмина на тротоар

soobrakajka polska

Шест лица меѓу кои и едно дете загинаа на тротоар во Полска, откако возач управувајќи во алкохолизирана состојба удрил во нив.

Според „Франс прес“ човекот ја изгубил контролата над возилото и на место убил пет лица.

-Три деца итно беа префрлени во локалната болница каде што едното од нив им подлегна на повредите – изјави портпаролката на полицијата Ана Гембала.

На возачот кој што имал два промили алкохол во крвта му се заканува затворска казна од 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top