| четврток, 6 декември 2018 |

На утрешен ден пред пет години се урна хеликоптер на АРМ

Пет години од смртта на 11 припадници на АРМ, кои со хеликоптер се враќаа во Македонија од Босна, каде што служеа во мисијата „Алтеа“ на ООН. На нивното спомен-обележје утре свежо цвеќе ќе положи Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана.

Хеликоптерот на АРМ, „Ми-17“ во неразјаснети околности падна кај катлановско Блаце. Официјално, пилотот загубил контрола врз леталото рано утрото на 12 јануари во густата магла, по што тоа се превртело и паднало.

Во несреќата животот го загубија потполковникот Тони Спасовски (насловна фото), мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top