| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавете се за расчистувањето на „Трескавец“, кое почнува в недела

В недела почнува големата акција за расчистувањето на изгорените конаци во манастирот „Трескавец“, во која може да учествуваат сите заинтересирани

500101999019
Овие акции ќе бидат континуирани, сè додека постои потреба. Ќе бидат вклучени доброволци, претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, деловниот сектор, невладиниот сектор и граѓаните.

Сите добронамерници што сакаат да помогнат во расчистувањето, за поголема успешност и организираност на акциите, своето учество треба да го пријават на телефонскиот број 076/425-102 или на електронската адреса [email protected].

Сите сопственици на теренски возила што сакаат да се вклучат во акцијата, можат да се пријават на истиот телефонскиот број и на истата електронска адреса.

Поаѓањето за неделната работна акција е во 7 часот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, а организираните групи ќе ги придружуваат и планинарите од планинарското друштво „Картуш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top