На подрачјето на Град Скопје за време на новогодишните празници не се сличила ниту една сообраќајна несреќа со потешки последици.
На 31 декември се евидентирани 12 сообраќајни незгоди. Девет се со материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.
На 1 јануари сообраќајната полиција извршила увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета, а во една полесно е повредено едно лице.
Во текот на изминатите два дена сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.