| четврток, 6 декември 2018 |

Со планинска патека ќе се поврзат Охрид и Попова Шапка

Popova Shapka

Нови 184 планинарски патеки ќе бидат обележани во Македонија, така што вљубениците во природата ќе можат без проблем преку планини да ја изодат територијата на целата држава и да се поврзат со планинарските патеки на другите земји, пишува „Дневник“. Проектот за уредување нови планинарски патеки во 2014 година ќе го реализира владината Агенција за промоција и поддршка на туризмот во земјава. За него преку Програмата за рурален развој Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој при Министерството за земјоделство одобри околу 300 илјади евра.

Најдолга, 200 километри е патеката од Скопје до Крушево, а најтешка и најубава, целата над 2 илјади метри надморска височина е таа од Попова Шапка до Охрид, долга 137 километри. Професионални планинари можат да ја изодат за 7 до 10 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top