| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе: Сакам да го покажам својот сексапил

Познатата пејачка Бијонсе изјави дека во своите нови спотови сака да покаже дека истовремено може да биде и мајка, но и самоуверена жена која зрачи со сексапил.

– Во бременоста имав 88 килограми, но со напорна работа успеав да ослабам 29. Сакав да го покажам своето тело. Сакав да покажам дека истовремено можам да родам дете, но и да бидам секси. Сексуалноста е моќ која сите ја имаме – истакна Бијонсе.

Пејачката додаде дека снимањето на спотот за песната „Partition“ ја вратило на почетокот од врската со нејзиниот сопруг Џеј Зи.

– Тоа ме врати на самиот почеток од нашата врска, кога се уште ми се додворуваше. Ја имав целата слика пред очи и само почнав да пеам. Се засрамив малку кога завршив – нагласи Бијонсе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top