На второто натпреварување од зимската турнеја „четири скокалници“ кој се одржа на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен победи младиот австриски скокач Томас Дитхарт. Ова е прва победа за 21 годишниот австриец во неговата кариера. Тој тиумфот со постигна со скокови од 140.5 и 141 метар и вкупно собра 296.1 поени. На второто место се пласираше неговиот сонародник Томас Моргенштерн додека на третото место се пласираше швајцарскиот скокач Симон Аман кој победи на првата скокалница во Оберстдорф. Следното натпреварување е закажано за сабота каде скокачите се селат во Инсбрук. Четвртата скокалница во оваа серија е Бишофсхофен.
Во генералниот пласман на турнејата „четири скокалици“ води Томас Дитхарт пред Симон Аман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



