Портпаролот на американската војска во Авганистан,полковникот Дејв Лапан соопшти дека САД бараат Кабул да го запре ослободувањето на 88 затвореници од авганистанскиот затвор, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за безбедноста.
Тој вели дека поради таквиот американски став односите меѓу двете земји се дополнително влошени, додека пак шефот на авганистанската комисија за анализа на обвиненијата негира дека затворениците претставуваат закана за безбедноста.
Лапан истакна дека ослободувањето на 88 затвореници е спротивно на указот на американскиот претседател Барак Обама за потребите во завршувањето на истрагите во затворот и судско гонење на поединци доколку тоа биде потребно.
“Околу 40 отсто од затворениците се директно одговорни за убиствата и ранувањето на 57 авганистански цивили и припадници на безбедносните сили, а 30 проценти учествувале во директните напади врз коалициските сили, во кои 60 војници се убиени или повредени”, нагласи Лапан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


