| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштена 110 киловолтната разводна постројка

DSC_5369Државниот преносен оператор МЕПСО ја стави во функција 110 киловолтната разводна постројка. Овој проект чини над 1 милион евра, а со него значајно треба да се подобри снабдувањето во четири општини во овој дел од скопскиот конзумен регион.
Не само за граѓаните, туку и за новата индустриска зона која е во функција на инвеститорите.
-Ветивме и за шест месеци го исполнивме ветувањето- изјави премиерот Груевски. Посочи дека новата година ја започнуваат со проекти и многу работа со цел подобрување и олеснување на секојдневието на граѓаните, а најави и други проекти во енергетскиот сектор.
Инвестицијата во опрема за потребите на разводната постројка е над 455.000 евра. Околу 445.000 евра се инвестирани во изградба на разводна постројка и приклучок на преносната мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top