Илјадници лица учествуваат во демонстрациите во Хонгконг за заштита на демократијата и со барање до Пекинг за воведување директни избори, на кои жителите на поранешната британска колонија ќе можат сами да ги избираат своите власти. Демонстрациите традиционално се организираат на 1 јануари. Демонстрантите се собраа во паркот Викторија и оттаму се упатија кон финансискиот центар на градот. Засега нема официјални податоци за бројот на лицата кои учествуваат во демонстрациите, но според организаторите има околу 50 илјади демонстранти.
Хонгконг има широка автономија, откако Велика Британија ѝ го отстапи на Кина. Неговите жители имаат слобода на говорот, што не е карактеристично за другите делови на Кина.
Кина вети дека ќе воведе директни избори во Хонгконг во 2017 година, на кои жителите ќе можат сами да го избираат својот премиер. Пекинг исто така вети дека ќе воведе и директни парламентарни избори во 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


