| четврток, 6 декември 2018 |

Летонија: Страв од поскапувања заради еврото

латвијаВоведувањето на еврото во Летонија е проследено со недоверба и во други држави од еврозооната. Самo петина од жителите поддржува воведување на еврото, анализира Дојче веле.

Летонскиот премиер Валдис Домбровскис првите евра од банкомат во центарот на Рига ги извади неколку минути по полноќ (1.01). „2014-та е историска година за Летонија“, рече премиерот, според кого, по приклучувањето на земјата во ЕУ и НАТО, воведувањето на еврото е „наредниот логичен чекор“ во процесот на интеграција на оваа балтичка држава во западниот свет.

Шефот на Летонската цантрална банка Илмарс Римсевикс оцени дека воведувањето на еврото е „многу повеќе од проста промена на валутата“. Со тоа Летонија се враќа целосно во Европа, нагласи тој, додавајќи дека еврозоната добива земја „која работи напорно“ и која во моментов има најголем пораст на економијата во ЕУ.

Воведувањето на еврото е круна на економската санација на Летонија, која кон крајот на 2008 година се наоѓаше пред банкрот. Со железен курс на штедење и реформи оваа држава ја надмина кризата и суверено ги исполни критериумите за приклучување кон монетарната унија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top