| четврток, 6 декември 2018 |

„Прегратка на дар“ за децата во болница

DSC_2800На последниот ден од старата година, првата дама на Република Македонија, Маја Иванова заедно со организаторите на проектот „Прегратка на дар“ и претставници од Иванов школата за млади лидери подарија играчки, сликовници и пакетчиња од Бимилк на децата кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во болница.

Дечињата од градинките веќе трета година по ред преку проектот „Прегратка на дар“ ги радуваат своите врсници за новогодишните празници рачно изработувајќи играчки – прегратки со што учат на хуманост, солидарност и емпатија, што е воедно и главната порака на акцијата – „од децата за децата – грам љубов за тон здравје“.

DSC_2801Многу ни е драго што имаме можност да подржиме една навистина благородна акција, која ни ги стоплува срцата и создава темел за едно похумано општество во кој идните генерации ќе растат со духот на солидарноста, подготвени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно – изјави Маја Иванова

Проектот „Прегратка на дар“ е организиран од интернет медиумот Рингераја со генерално покровителство на  Бимилк. Во рамките на акцијата беа направени околу 7.500 играчки кои освен на децата во болниците ќе им бидат доделени и на домовите за деца без родители и други институции кои згрижуваат дечиња. За првпат оваа година дел од играчките беа изложени во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје каде посетителите можеа да ги видат.

Проектот „Прегратка на дар“ минатата година ја доби Националната награда за најдобра општествена практика за 2012 година од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и ја претставуваше Македонија на „Европскиот систем за наградување на општествена одговорност на претпријатија“ во Брисел. Овој проект исто така е добитник на Европска награда за општествена одговорност која ја доделува Европската Комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top