
Новогодишни пакетчиња и играчки на болните деца од Клиниката за детски болести во Скопје денеска им подари сопругата на претседателот, Маја Иванова.
– Овде сме за да им подариме пакетчиња на децата кои новогодишната ноќ ќе ја поминат во болница, но во силните раце на персоналот. Ова се празнични денови, кога се подарува љубов и се искажува нашата поддршка на оние на кои им е најпотребна. Сите деца имаат свои копнежи, соништа и желби. Верувам дека децата што се на оваа клиника имаат една желба-да оздрават и да се вратат во прегратките на своето семејство – рече Иванова.
Во посета на децата беа и организаторите на проектот „Прегратка на дар“ и претставници на Школата за млади лидери.
Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова истакна дека имаат деца кои не можеле за Новата година да бидат дома и оти заедно ќе ја пречекаат 2014.
На Клиниката за детски болести беа поделени 100 пакетчиња, а 7.500 играчки ќе им се делат на децата од болниците во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


