| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата апелира за вечер без оружје

полицијаМинистерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, апелира до граѓаните максимално да се воздржат од употребата на огнено оружје, петарди или други пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир.

„На учесниците во патниот сообраќај, пак, им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол“, се наведува во соопштението.

МВР информира дека ќе ги зајакне позорните и сообраќајните патроли, пред сè на местата и на објектите каде што ќе се организира пречек на Новата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top