| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски: Не е возможно да не се соочуваме со предизвици и со искушенија

Trajko-Veljanovski-top2Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во новогодишно обраќање на граѓаните им посака и во 2014-та да бидат со своите семејства, а Македонија и натаму да биде стабилна.

-За време на последните денови од годината што изминува, како по некое правило се навраќаме на настаните што беа дел од нашето секојдневие изминатите 12 месеци. Искрено верувам дека во годината што изминува, имавме повеќе поводи за задоволство отколку за незадоволство. Знам дека предизвиците се оние кои му ја даваат смислата на нашите животи, но исто така сум длабоко уверен дека посветеноста, истрајноста, чесноста и одговорноста се доминантните атрибути кои ги имаат граѓаните на Македонија- наведува Вељаноски во обраќањето.

Во периодот пред нас, продолжи тој, нема да посакам да не се соочуваме со предизвици и со искушенија бидејќи знам дека едноставно тоа не е возможно.

– Меѓутоа, јас многу добро знам дека е сосема реално да си посакаме уште похрабро и уште поенергично да ги надминуваме искушенијата за доброто на нашата држава и на нашиот народ. Затоа – и во следната година, да бидеме со нашите семејства и со Македонија. И во 2014 година нека ни биде вечна и стабилна Македонија и нека ни бидат здрави и живи семејствата- истакна првиот парламентарец во своето новогодишно обраќање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top