| четврток, 6 декември 2018 |

2013 – година на „булдожери“ и на срам на ЕУ

2013 ќе би­де за­па­ме­те­на ка­ко го­ди­на ко­ја на дип­ло­мат­ско ни­во нѐ вра­ти­ла на ран­гот на конф­ликт­на­та 2001 го­ди­на или тран­зи­ци­ски­те по­че­то­ци во 90-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Ин­тер­вен­ци­ја­та на ЕУ за сми­ру­ва­ње на по­ли­тич­ки­те стра­сти, пред­во­де­на од че­шки­от „бул­до­жер“ Ште­фан Фи­ле, ба­рем на мо­мент, го сим­на ни­во­то на Ма­ке­до­ни­ја на тол­ку по­са­ку­ва­ни­от про­те­кто­рат на Фрч­ко­ски. Се­то тоа под пре­ве­зот на 24 де­кем­ври, чие рас­вет­лу­ва­ње го бло­ки­ра ток­му опо­зи­ци­ја­та со бој­ко­тот на ра­бот­на­та гру­па за на­ста­ни­те од овој фа­мо­зен ден. А, на ЕУ се­то тоа ѝ дој­де ка­ко од­ли­чен до­да­ток на пет­то­то од­ло­жу­ва­ње на да­ту­мот за пре­го­во­ри – па не би­ло са­мо до Гр­ци­ја. Кре­ди­би­ли­те­тот на Бри­сел оста­ну­ва не­за­гро­зен...

Гле­да­но низ приз­ма­та на евро­ин­те­гра­ци­и­те, го­ди­на­та што из­ми­ну­ва не­ма да ни оста­не во уба­во се­ќа­ва­ње, за раз­ли­ка од 2012 го­ди­на, или ба­рем до неј­зи­ни­от пос­ле­ден ме­сец, ко­га по­сто­е­ше ба­рем ма­ла на­деж де­ка Бри­сел, ко­неч­но, ќе на­ста­пи европ­ски и по, до то­гаш, „са­мо“ че­ти­ри пре­по­ра­ки на Европ­ска­та ко­ми­си­ја ќе до­би­е­ме да­тум. Кр­ше­ње­то на европ­ска­та на­деж за Ма­ке­до­ни­ја на Европ­ски­от со­вет и но­во­то од­ло­жу­ва­ње на да­ту­мот, не­ба­ре, ја разд­ви­жи­ја опо­зи­ци­ја­та, ко­ја ја за­си­ли т.н. би­тка за бу­џе­тот за са­мо 10 де­на по со­ве­тот на ЕУ во 2012 го­ди­на да дој­де до на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври. Се­дум де­на по нив, пак, стар­ту­ва­ше но­ва­та евро­ин­те­гра­ци­ска го­ди­на, ко­ја тре­ба­ше да до­не­се да­тум во ју­ни, се­ка­ко, по­ткре­пен со ре­зул­та­ти од Ма­ке­до­ни­ја во ХЛАД и од по­са­ку­ва­на­та жел­ба на ЕУ за пре­кин на грч­ка­та бло­ка­да. Но, др­жа­ва­та 2013 го­ди­на ја поч­на со вна­треш­но­по­ли­тич­ки проб­ле­ми кои сил­но се реф­ле­кти­раа во над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка. То­гаш ре­тко кој мо­же­ше да ги на­се­ти пос­ле­ди­ци­те за Ма­ке­до­ни­ја, или, пак, мо­же­ше и по­са­ку­ва­ше?

Го­ди­на­та поч­на­та со про­те­сти на ули­ца (кои до­де­ка „де­мо­кра­ти­ја­та ги­не­ше“ – па­у­зи­раа по­ра­ди праз­ни­ци­те?!), про­дол­жи со про­те­сти со авто­мо­би­ли (се­кој ден по не­кол­ку ча­са ги во­зеа оние кои се­га се најг­лас­ни про­тив за­га­ду­ва­ње­то), што до­не­се мнош­тво по­се­ти на европ­ски чел­ни­ци, се раз­би­ра, не­по­са­ку­ва­ни по­се­ти…

На 1 март или ток­му на по­ло­ви­на од вре­ме­то што ЕУ ни го да­де за да по­ка­же­ме ре­зул­та­ти (ако сѐ бе­ше нор­мал­но, без ин­ци­ден­ти, про­те­сти и бој­кот на пар­ла­мен­тот и на из­бо­ри­те) и кое во во­о­би­ча­е­ни ус­ло­ви ќе бе­ше пер­и­од на за­си­ле­ни ре­фор­ми и актив­но­сти, во кои во нор­мал­на зем­ја ќе се вклу­че­ше актив­но и опо­зи­ци­ја­та, во Ма­ке­до­ни­ја до­ле­та евро­ко­ме­са­рот Ште­фан Фи­ле, за­си­лен со евро­пар­ла­мен­тар­ци­те Бу­зек и Хо­вит. Или, се­пак, и тие беа са­мо де­кор?

Ка­ко и да е, за не­кол­ку ча­са, од кои најм­но­гу вре­ме или ре­чи­си два ча­са по­ми­на со Цр­вен­ков­ски, то­гаш­ни­от ли­дер на СДСМ и опо­зи­ци­ја­та, Фи­ле ус­пеа во она што ни­кој не мо­же­ше да го по­стиг­не це­ли три ме­се­ци. Се­ко­гаш нас­ме­а­ни­от че­шки „бул­до­жер“, ина­ку дип­ло­мец на мо­сков­ски­от уни­вер­зи­тет МГИМО, поз­нат ка­ко нај­до­бри­от из­воз­ник на ква­ли­тет­ни ка­дри од КГБ, за не­кол­ку ча­са ја скро­ти ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, со не­кол­ку по­те­зи го пре­ки­на опо­зи­ци­ско­то стам­пе­до и ги вра­ти и на из­бо­ри и во Со­бра­ние, а тие не­вол­но мо­раа да се отка­жат од из­веж­ба­на­та уло­га на „от­пор­ни­ци“ и од ком­фор­на­та ру­ска „ла­да ни­ва“ да се вра­тат во не­у­доб­ни­те „мер­це­де­си“, ама од „сред­на кла­са“, C270 CDI, не­ли…

След­ни­те вна­треш­но­по­ли­тич­ки мо­мен­ти што вли­ја­е­ја врз над­во­реш­но­то оп­кру­жу­ва­ње се слу­чи­ја на 24 март и на 7 април, а тоа се ло­кал­ни­те из­бо­ри, кои, за не­чи­ја жал, да­доа до­бра сли­ка за Ма­ке­до­ни­ја. За нив­но­то до­бро спро­ве­ду­ва­ње по­све­до­чи­ја из­ве­шта­и­те на ОБСЕ, но и на до­маш­ни­те наб­љу­ду­ва­чи. Со тоа не се сог­ла­си са­мо опо­зи­ци­ја­та, и ма­ке­дон­ска и ал­бан­ска, ве­ро­јат­но по­ра­ди ка­та­стро­фал­ни­те ре­зул­та­ти.

И по­крај пре­по­ра­ки­те на Фи­ле, кои беа во­ста­но­ве­ни во т.н. мар­тов­ски до­го­вор, ра­бо­ти­те за Ма­ке­до­ни­ја се од­ви­ваа за­ба­ве­но. Глав­но­то ба­ра­ње на ЕУ, фор­ми­ра­ње­то на ра­бот­на­та гру­па ко­ја тре­ба­ше да ги истра­жи на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври и да да­де пре­по­ра­ки за да не се по­вто­ри, дол­го вре­ме бу­квал­но леб­де­ше во пар­ти­ски­от ме­ѓу­про­стор. Не по­мог­наа ни шла­ка­ни­ци­те од неј­зи­ни­от автор, Фи­ле, кој на 9 април, ед­на не­де­ла пред спе­ци­јал­ни­от из­ве­штај на ЕК за Ма­ке­до­ни­ја, нѐ иска­ра и по­ба­ра по­чи­ту­ва­ње на до­го­во­ре­но­то.

Се­пак, из­ве­шта­јот од 16 април бе­ше по­зи­ти­вен за др­жа­ва­та, се кон­ста­ти­ра­ше на­пре­док на си­те ре­форм­ски по­ли­ња, ду­ри и кај до­бро­со­сед­ски­те од­но­си со Гр­ци­ја и со Бу­га­ри­ја, а по­себ­но се истак­на по­тре­ба­та од це­лос­но спро­ве­ду­ва­ње на мар­тов­ски­от до­го­вор, со пре­по­ра­ка да се фор­ми­ра ра­бот­на гру­па, да се пот­пи­ше ме­мо­ран­дум за членс­тво во ЕУ и да се про­дол­жи ди­ја­ло­гот со но­ви­на­ри­те.

Buldozeri-EU-sram-gruevski-zaev02

Но, за неј­зи­но фор­ми­ра­ње се че­ка­ше уште два ме­се­ца. На 6 ју­ни се слу­чи ин­тро­то на до­го­во­рот, во­об­ли­че­но во сред­ба­та ме­ѓу Гру­ев­ски и За­ев во Вла­да­та, вед­наш по не­го­ви­от из­бор за ли­дер на СДСМ, че­кор кој вне­се оп­ти­ми­зам и во Ма­ке­до­ни­ја и кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, осо­бе­но во ЕУ. Слу­чај­но или не, но са­мо шест де­на по неа, на 12 ју­ни, се дој­де и до име­то на пре­тсе­да­те­лот на те­ло­то, Бор­че Да­ви­тков­ски, кој, за жал, из­др­жа са­мо еден и пол ме­сец, а на 20 ју­ли да­де не­от­по­вик­ли­ва оста­вка на функ­ци­ја­та.

Ка­ко и да е, но то­гаш, мал­ку по­ве­ќе од две не­де­ли пред са­ми­тот на Европ­ски­от со­вет, кој бе­ше за­ка­жан за 27 и 28 ју­ни, Ма­ке­до­ни­ја ја има­ше Ко­ми­си­ја­та за 24 де­кем­ври ко­ја тол­ку бе­ше ба­ра­на од Бри­сел. На­де­жи­те се ур­наа пред са­ми­тот ко­га ир­ско­то пре­тсе­да­телс­тво со­оп­шти де­ка не­ма да има ни­ту да­тум ни­ту зак­лу­чок за др­жа­ва­та, раз­би­вај­ќи ги си­те на­де­жи и илу­зии де­ка Уни­ја­та ќе ги над­ми­не тес­но­гра­ди­те ин­те­ре­си и по тол­ку по­зи­тив­ни из­ве­штаи со пре­по­ра­ки на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, ко­неч­но, ќе ѝ до­де­ли на Ма­ке­до­ни­ја да­тум за по­че­ток на пре­го­во­ри­те.

Во ме­ѓу­вре­ме, ра­бот­на­та гру­па, иа­ко го за­гу­би сво­јот прв пре­тсе­да­тел, про­дол­жи да ра­бо­ти. На­ви­дум ус­пех, кој ус­пеа да го пре­ла­же и са­ми­от Фи­ле. Тој на 26 август во пис­ме­на из­ја­ва го поз­дра­ви ус­пеш­но­то за­вр­шу­ва­ње на ра­бо­та­та на Ко­ми­си­ја­та за истра­га на на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври, со фи­на­лен из­ве­штај усво­ен со кон­сен­зус и под­др­жан од си­те чле­но­ви на Ко­ми­си­ја­та.

– Со не­тр­пе­ние оче­ку­вам да се спро­ве­дат и на­ред­ни­те че­ко­ри и имп­ле­мен­та­ци­ја­та на пре­по­ра­ки­те со­др­жа­ни во из­ве­шта­јот, ка­ко и на оста­то­кот од по­ли­тич­ки­от до­го­вор од 1 март. По­стиг­на­ти­от до­го­вор на Ко­ми­те­тот по­ма­га во ре­ша­ва­ње­то на вна­треш­но-по­ли­тич­ки­те проб­ле­ми, но, исто та­ка, по­ка­жу­ва де­ка ин­те­гра­ци­ја­та во ЕУ про­дол­жу­ва да би­де при­о­ри­тет за си­те по­ли­тич­ки пар­тии во зем­ја­та – по­тен­ци­ра­ше евро­ко­ме­са­рот Фи­ле со не­скри­е­но за­до­волс­тво. И се пре­ла­жа…

Buldozeri-EU-sram-sipovic-protestiНа 13 октом­ври, са­мо 3 де­на пред из­ве­шта­јот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за на­пре­до­кот на Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко бе­ше очиг­лед­но и оп­што­поз­на­то де­ка ќе до­би­е­ме но­ва пре­по­ра­ка за пре­го­во­ри со ЕУ, СДСМ и опо­зи­ци­ја­та по­втор­но ја бло­ки­раа ра­бот­на­та гру­па за на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври. Овој­пат образ­ло­же­ни­е­то бе­ше при­тво­рот на Ми­рос­лав Ши­по­виќ. Та­ка е и до ден-де­не­шен.

На 16 октом­ври ја до­бив­ме пет­та­та пре­по­ра­ка од Европ­ска­та ко­ми­си­ја, во ко­ја на Европ­ски­от со­вет му се пре­по­ра­ча да поч­не пре­го­во­ри за членс­тво со Ма­ке­до­ни­ја.

На 3 де­кем­ври се слу­чи сво­е­ви­ден пре­се­дан и пре­сврт при кој Фи­ле на­ста­пи не­во­о­би­ча­е­но остро кон до­се­гаш­ни­от трет­ман на Ма­ке­до­ни­ја од ЕУ. Или, се­пак, глу­ме­ше?

– Ба­ра­ме од зем­ји­те-член­ки да ни ка­жат што са­ка­ат со ова пра­ша­ње. Да по­вто­ру­ва­ме и в го­ди­на пре­по­ра­ка за по­че­ток на пре­го­во­ри? Се слу­чи­ја на­ста­ни­те од 24 де­кем­ври ми­на­та­та го­ди­на. Тоа ја ста­ви зем­ја­та на че­ка­ње за пер­и­од од де­сет ме­се­ци, а и сѐ уште има имп­ли­ка­ции од тој про­цес. Мис­лам де­ка е фер од ме­не да по­ба­рам од зем­ји­те-член­ки по­ве­ќе од зак­лу­чок де­ка ќе се вра­тат на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње за вре­ме на след­но­то пре­тсе­да­телс­тво со ЕУ и се на­де­вам де­ка ќе има­ме не­ка­ква по­јас­на по­ра­ка на прет­стој­ни­от са­мит на Европ­ски­от со­вет и ќе има­ме не­ка­ква на­со­ка за ова пра­ша­ње овој ме­сец – до­да­де Фи­ле. И пак се из­ла­жа…

17 де­кем­ври 2013, под при­ти­сок на Гр­ци­ја, ми­ни­стри­те на зем­ји­те-член­ки на Со­ве­тот за оп­шти ра­бо­ти (ГАК) го до­не­соа зак­лу­чо­кот спо­ред кој за Ма­ке­до­ни­ја се да­де сте­рил­ни­от, оче­ку­ван од­го­вор – зем­ји­те-член­ки на Уни­ја­та ќе се вра­тат на ова пра­ша­ње во 2014 го­ди­на за да са­мо два де­на по­доц­на ли­де­ри­те на ЕУ го кон­ста­ти­ра­ат до­го­во­ре­но­то на ГАК. Се­пак, им про­те­че ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка про­тив Ма­ке­до­ни­ја би­ле са­мо Гр­ци­ја и, кој друг ако не, Ки­пар. Па, и тие се Гр­ци, не­ли? Ду­ри и Бу­га­ри­ја би­ла воз­др­жа­на, а си­те оста­на­ти 25 член­ки ба­ра­ле да­тум за Ма­ке­до­ни­ја. Но, очиг­лед­но, тоа не би­ло до­вол­но. Сле­ду­ва­ше ка­но­на­да на осу­ди од евро­пар­ла­мен­тар­ци, стран­ски ана­ли­ти­ча­ри, па и пре­ми­е­ри за ЕУ што ѝ да­ва под­др­шка на Гр­ци­ја. И во Ма­ке­до­ни­ја поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те ре­а­ги­раа остро, дел и бе­ском­про­мис­но, но се нај­доа и та­кви што, по­втор­но, ви­на­та ја нај­доа во Ма­ке­до­ни­ја и по­втор­но ја по­вр­заа со 24 де­кем­ври и не­ми­нов­на­та при­каз­на за „ре­жи­мот“ и „от­пор­ни­ци­те“…

Лазаров – ЕУ треба да се срами

Про­фе­со­рот по ме­ѓу­на­род­но пра­во, Ла­зар Ла­за­ров, за „Ре­пуб­ли­ка“ ве­ли де­ка уште пред де­се­ти­на го­ди­ни им ка­жу­вал на сту­ден­ти­те де­ка ќе вле­зе­ме во ЕУ во 2015-2016 го­ди­на. Тие го пра­шу­ва­ле зо­што мис­ли та­ка, а тој им ве­лел де­ка по­сто­јат мно­гу проб­ле­ми по­вр­за­ни со со­се­ди­те кои со вре­ме ќе из­ле­зат на по­вр­ши­на.

Лазаров: Го­ле­ма кри­ти­ка и срам за ЕУ. Тие ги га­зат и Жан Мо­не и си­те ос­но­ва­чи. Сра­мо­та е под­др­шка­та за Гр­ци­ја, зем­ја ко­ја е единс­тве­на­та што без по­зи­тив­но мис­ле­ње на Европ­ска­та ко­ми­си­ја ста­на дел од Уни­ја­та и ко­ја е про­тив зем­ја што ја до­би­ва сво­ја­та пет­та пре­по­ра­ка по ред. ЕУ тре­ба да се сра­ми што ва­ка по­ста­пу­ва и ја игра игра­та на Гр­ци­ја.

Ре­ше­ни­е­то, спо­ред Ла­за­ров, е во ме­ѓу­на­ро­ден при­ти­сок врз Ати­на.

Лазаров: Оче­ку­вам, не тол­ку од ЕУ, ту­ку од САД, да им удрат шла­ка­ни­ца на Гр­ци­те и да им ка­жат да пре­ста­нат. Ова го оче­ку­вам ток­му од САД, од не­кои член­ки на ЕУ, ка­ко Гер­ма­ни­ја, но не и од Фран­ци­ја – да ги при­тис­нат ма­кар и на еко­ном­ски план и да по­ба­ра­ат ре­ше­ние за проб­ле­мот со Ма­ке­до­ни­ја. До­кол­ку не го сто­рат тоа, тоа ќе би­де веч­но „ид­но“ вре­ме сѐ до­де­ка не се пре­зе­ме не­што про­тив Гр­ци­ја. Ние не мо­же­ме да вле­зе­ме без тоа, но од дру­га стра­на – не мо­же­ме ни­ту веч­но да би­де­ме во пред­вор­је­то на ЕУ. Ма­ке­до­ни­ја има ло­шо оп­кру­жу­ва­ње, ние сме ка­ко јаг­не оп­кру­же­но со вол­ци, но, од дру­га стра­на, проб­ле­мот е и кај нас – ве­ли про­фе­сор Ла­за­ров, осо­бе­но по­ра­ди не­до­сти­гот од на­ци­о­на­лен кон­сен­зус за нај­бит­ни­те пра­ша­ња, а, за раз­ли­ка од нас, Гр­ци­те се ма­кси­мал­но единс­тве­ни.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 69. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top