| четврток, 6 декември 2018 |

Марјана водителка на „Танц со ѕвездите 2“ (ГАЛЕРИЈА)

Новогодишното издание, воедно и првата епизода од „Танц со ѕвездите 2“ ќе биде вистински спектаткл, најавуваат од Македонската телевизија. Шоуто ќе ги претстави новите двојки, но нема да изостанат ни неколку претставувања од ланските учесници, како и неколку извонредни танци од професионални танчери.

Како специјален гостин во вечерашното шоу е битолчанецот Александар Докулевски кој со години живее и работи во САД, а во моментот работи во најголемиот и најпознат театар во светот – њујоршкиот Бродвеј.

Иако до последен момент се криеше со кого Тони Михајловски ќе го води шоуто, сепак денес беше претставена новата водителка, минатогодишна финалистка во шоуто – Марјана Станојковска.

Таа ќе ја има и честа да настапи и танцува со Докулевски.

Еве дел од вечерашната емисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top