
Врз основа Законот за одбрана, а со Указ на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, во чин бригаден генерал е унапреден полковник Васко Ѓурчиновски.
Бригадниот генерал Ѓурчиновски во неговата кариера успешно извршувал повеќе високи должности почнувајќи од командир на чета во полкот за специјални операции, командант на баталјон и командант на бригада, а успешно ја претставувал АРМ и во мисијата на ООН, УНИФИЛ во Либан. Покрај Воената академија на Копнената војска во Белград, завршил постдипломски студии во САД, како и високи одбранбени студии во Италија.
Во моментов, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски ја извршува должноста Командант на полкот за специјални операции на АРМ и аѓутант на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


