Овластените здруженија за бесплатна правна помош во текот на 2013 година обезбедија претходна правна помош за повеќе од 1.000 сиромашни граѓани кои имаа правни проблеми.
Како што велат од Македонско здружение на млади правници во денешното соопштение, претходната правна помош вклучуваше обезбедување правни информации и правни совети.
– За 60 од нив, кои имаа потреба од поведување судски постапки за заштита на правата беше побарано одобрување на адвокат кој ќе го плати државата, во согласност со Законот за бесплатна правна помош. Со обезбедената правна помош на оваа ранлива категорија граѓани ѝ беше овозможено да ги реши правните проблеми со кои се соочуваат, а кои се однесуваат на основни егзситенцијални прашања, како што се имотно-правните проблеми, правата од
работен однос, семејно-правните прашања, социјалната заштита и правата од пензиско и инвалидско осигурување – стои во соопштението.
Овој резултат, како што велат од Македонско здружение на млади правници, е постигнат и покрај проблемите со кои се соочија овластените здруженија при работата во согласност со Законот за бесплатна правна помош.
Младите правници во соопштението истакнуваат дека досега повеќе пати укажале за проблемите кои се појавуваат при спроведувањето на овој Закон, како што е тесниот опфат на лицата кои имаат право на бесплатна правна помош, долгата постапка за одобрување на барањата за бесплатна правна помош, недоволната уреденост на определени важни прашања, неопфатеноста на судските такси и трошоците за вештачење.
– Од друга страна овластените здруженија се соочија со непрецизно уредена претходна правна помош поради која е невозможно да ги наплатат реалните трошоци кои ги имаат вршејќи ја оваа дејност од јавен интерес. Во исто време овластените здруженија не смеат да користат било каков облик на реклама за да се промовираат во своите заедници што исто така го отежнува информирањето на јавноста за можноста да добијат претходна правна помош – велат од Македонско здружение на млади правници.
Тие потсетуваат дека споменатите проблеми беа видливи уште при самото донесување на Законот, за што беше укажувано од здруженијата, но во 2013 година сепак Законот не беше суштински изменет иако во 2012 година беше формирана работна група за измени на Законот.
– Наместо целосна измена на Законот за бесплатна правна помош Министерството за правда пред кусо време предложи измена на Законот која само треба да го усогласи со Законот за правда на децата, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст