| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска 14 сообраќајки – за среќа нема тешко повредени

policija_soobrakajka

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се случиле 14 сообраќајни несреќи, во кои нема тешко повредени лица. Единаесет се со причинета материјална штета, а три со полесни телесни повреди со кои се здобиле двајца возачи и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три несреќи со мала материјална штета во кои е пополнет европски извештај.

Собраќајната полиција вчера открила и санкционирала осуммина возачи кои непрописно ги паркирале возилата на автобуските стојалишта и 12 возачи кои ги оставиле возилата на пешачките премини или на крстосница. Со специјалното возило „пајак“ се отстранети 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Од сообраќај се исклучени петмина возачи кои возеле под дејство на алкохол, а преземени се мерки и против четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и седуммина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани. Централната прослава за дочек на Новата година во Градот Скопје ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, а од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и безбедно одвивање на сообраќајот. Во зависност од интензитетот на сообраќајот и раздвиженоста на пешаците ќе се изврши пренасочување на дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ и тоа на потегот од крстосницата од ул. „11 Октомври“ со ул. „Даме Груев“ до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ со ул. „Васил Главинов“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top