| четврток, 6 декември 2018 |

Во руските православни храмови ќе се одржат литургии „за искоренување на омразата и злобата“

ruska pravoslavna crkva

Во сите храмови на Руската православна црква денеска ќе се одржат литургии за „зголемување на љубовта и искоренување на омразата и секоја злоба“. Патријархот Кирил ќе одржи литругија во московскиот храм „Христос Спасителот“ во 19 часот по локално време.

Тој вчера во својата резиденција во Переделкино, крај Москва, одржа служба за жртвите од терористички напади во Волгоград.

Патријархот им изрази сочувство на роднините на загинатите, а извршителите на нападот ги нарече „непријатели на Русија“ и изрази уверување дека тие нема да успеаат никого да заплашат.

Авион „Ил-76“ на Министерството за вонредни ситуации синоќа во Москва пренесе седуммина ранети во двете експлозии во Волгоград, од кои петмина мажи и две жени. Тие се хоспитализирани во различни болници во Москва.

Во Волгоград останаа неидентификувани три тела, на две жени и на еден маж, кои загинаa во експлозијата на железничката станица на 29 декември.

Денеска ќе бидат погребани првите жртви од двата напади во Волгоград, во кои загинаа вкупно 33 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top