Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани разни електрични апарати и прибор за домаќинство, контактори, ргулатори за мотори за сателитски антени, лап-топ компјутери, USB приклучоци, автоделови, резервни делови за фотокопири, цигари, храна за пчели, облека, регистарски таблички и фалсификати.
Задржана е следната стока:
Електрични апарати и уреди, компјутери и додатоци
– 433 разни електрични апарати и прибор за домаќинство (уреди за печење, решоа, светилки и друго), откриени при контрола на разна стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Прилеп, пријавена за увозно царинење.
– 129 разни производи (контактори, регулатори за мотор на сателитска антена и USB приклучоци), откриени при контрола на разна стока со потекло од Турција, наменета за фирма-увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење .
– 7 лап-топ компјутери, откриени при контрола на патничко возило со германска регистарки таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во багажниот простор на возилото.
Резервни делови
– 47 делови за товарно возило (диск плочки, свеќички, автомат за воздух, стеги за ауспух, амортизер за кабина и друго), откриени при контрола на патничко возилосо македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата.Непријавените делови биле сокриени во багажниот простор, помеѓу останатите лични работи на на возачот, и во внатрешноста на возилото под една од патосниците.
– 123 делови за апарати за фотокопирање (барабани, гумички за повлекување на хартијата, термистори, странични ленти за тонери и девелопер за тонер), откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена на повеќе места во возилото – во багажниот простор, над ролетната за покривање на багажниот простор, покриени со јакна, на и под задното седиште, под предните седишта, во фиоката за документи и во преградите на вратите.
Цигари
– 50 штеки цигари Karelia Slims со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на патните торби на бугарски државјанин, кој се пријавил за излез од државата, со намера да отпатува за Лондон.
Останато
– 1 патничко возило и комплет германски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата. Табличките биле пронајдени во багаж на возачот, помеѓу неговите лични работи. Според изјавата на возачот, табличкитему биле дадени од друго лице, македонски државјанин, со цел да ги врати во Германија, а возилото на кое истите припаѓале да остане на територијата на Република Македонија.
– 40 kg храна за пчели, откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена пред совозачкото седиште и под задните седишта на возилото.
– 248 готови текстилни производи (фармерки, зимски јакни, блузи, фустани, шалови, зимски капи, мидери, хулахопки и долна облека), откриени при контрола на патничко возило со италијански регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена во повеќе црни кеси сместени во багажниот простор, во просторот за резервна гума и на задните седишта на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.