Македонскиот претставник на „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски, е презадоволен од менторството на Жљко Јоксимовиќ. Даниел неколку пати повтори дека српскиот музичар е цар, а сега има уште една причина за почит.
Жељко Јоксимовиќ ја покани неговата група кандидати да настапуваат со него на дочекот на Нова година. Утревечер Даниел ќе настапи на плоштадот во Крушевац, Србија.
– Новата година овој пат ќе ја дочекам заедно со Жељко Јоксимовиќ во Крушевац на неговиот концерт каде што ќе можете да ме слушнете како пеам во живо пред огромна публика од 23.000 луѓе. Им благодарам многу на „Минакорд продукција“ и Жељко – напиша возбудениот Даниел на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.