Директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов, денеска информираше дека се воспоставува нов компјутеризиран транзитен систем со кој ќе се скратат и трошоците и времето за претпријатијата.
– Системот е подготвен. Тука нема никакви лажења и шминка и сметаме дека со ова сѐ е исполнето да добиеме статус членка на Конвенцијата за заеднички транзит – истакнува Каргов.
Со помош на системот се овозможува движење на стоки во транзитна постапка меѓу кои било две места во кои било земји-членки на Конвенцијата за заеднички транзит со користење на една единствена транзитна декларација.
– Нашите производи без никаков непотребен застој ќе ги поминуваат стоките со само една електронска декларација – рече директорот на Царинската управа.
Инаку, системот ќе почне да функционира од 1 јануари 2014 година, а од 1 март ќе биде задолжителен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


