Фиорела Рубино, кандидатката на пратеник во италијанското собрание од Партијата на слободата на поранешниот премиер Силвио Берлускони, глумела во порнофилмови.
Рубино ја играла главната улога во филмот зад кој како режисер се јавува Тинто Брас, познатиот италијански режисер на еротски филмови.
Откако италијанските медиуми ја пласираа ова вест, Рубино изјави дека нема причнини да се срами од своето минато бидејќи станувало збор за улога во филм снимен пред 15 години. Рубино во последните седум години беше официјалниот претставник на партијата на слободата во италијанскиот парламент, но дури денеска јавноста дознала за нејзиното филмско минато, дека имала улога во еротски филм.
Меѓу другото, Рубино тврди дека уште во 2006 година е ставена на кандидатската листа на партијата само поради заслугите во партијата, а не поради изгледот или актерските способности
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.