Куќата на 63-годишниот битолчанец Ј.Д. минатата ноќ била ограбена додека домаќините спиеле.
Крадецот насилно го отворил едниот прозорец од балконот и успеал да влезе во куќата од каде од едниот кат кој го пребарувал украл 30.000 австралиски долари.
Сопственикот на куќата и неговото семејство не забележале, ниту слушнале нешто бидејќи спиеле на друг кат од куќата.
Полицијата трага по сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.