| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да се работи на 1, 6, 7 и 19 јануари

skopje-plostad-nova-godina

Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 1 јануари 2014 година, среда, кога се прославува Новата година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Според програмата за неработни денови во 2014 година, во текот на јануари неработен ден за сите граѓани на Република Македонија ќе биде и 7 јануари, прв ден на Божик, според православниот календар.

За припадниците на православана вероисповед неработни денови ќе бидат и 6 јануари, кога се слави Бадник, и 19 јануари кога се празнува празникот Богојавление-Водици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top